3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Royal Salute 21 Year Old

Луксузниот Royal Salute 21 Year Old

royal1

„Royal Salute 21 Year Old“, ексклузивното, многу ретко и луксузно виски…

Признат од страна на неговите познавачи како светски најдобар шкотски виски, „Royal Salute 21 Year Old“ беше креиран од страна на Чивас браќата, креаторите на „Chivas Regal“, за да го прослават крунисувањето на кралицата Елизабета II во 1953 година.

royal3

„Кога ќе ставите во чаша „Royal Salute“ виски, првата работа која ја приметувате е неговата богата златна боја. Истражувајте малку повеќе и ќе почувствувате баланс од овошни, цветни и димени тонови. Тогаш, како што уживате во секоја голтка на возбудлива комбинација од длабоки, слатки, јаткасти, мазни вкусови лесно ќе го откриете луксузот, развивајќи се понатаму во долго, топло и задоволитено финиширање“, порачаа креаторите.

royal2

Златната боја на ова виски рефлектира моќ и богатство на вкусот, со благи овошни ароми кои балансираат со деликатен цветен мирис и мала сладост на мед.

royal4

Раскошно претставен во порцеланското шише, кое е рачно украсено со ознаката на  „Chivas Brothers“, слика од Роберт Брус и галски мотор кој се преведува како верност и стабилност уште од 1801 година. Шишето е дизајнирано од страна на професионалци и спакувано е во плишана обвивка.

royal5

„Royal Salute 21 Year Old“ е спакуван во три колекционерски бои, инспирирани од скапоцените камења на круната на кралицата: сафир, рубин и смарагд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП