5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВештачките потези контролирани со мислите се прашање на денот?!

Вештачките потези контролирани со мислите се прашање на денот?!

mozok 44

Со мисли контролираните вештачки потези, инвалидски колички и компјутери, можеби ќе бидат на располагање веќе следната деценија, велат австралиските научници кои планираат годинава на луѓе да ги тестираат софистицираните имплантати кои може да фаќаат и да пренесуваа сигнали од мозокот.

Уредите со големина на чкорче всадени во крвен сад во близина на мозокот, веќе се тестирани на животните. Стентот се состои од мрежа минијатурни електроди кои преземаат невронски сигнали од мозокот и ги претвораат во електрични инструкции што еден ден, како што се надеваат научниците, ќе им овозможи на парализираните лица да ги контролираат вештачките потези и инвалидските колички.

„Големиот исчекор се состои во тоа што сега имаме минимално инвазивен уред за врска на мозокот со компјутерот кој може долго да биде во функција“, вели Тери О’Брајан од одделот за медицина и неврологија на Универзитетот Мелбурн.

Сегашните методи на пренесување сигнали од мозокот бараат комплексни оперативни зафати во мозокот и стануваат неефикасни во период од неколку месеци, што значи дека ретко се применуваат, појаснува О’Брајан.

Стентот е помалку инвазивен поради тоа што може да се вметне низ вратната вена и да се постави во крвниот сад во близина на мозокот. Со опитите врз животните тестирана е функционалноста на стентот во преземањето невронски сигнали, но и претворањето на електронските сигнали во инструкции за придвижување на вештачките потези.

Доктор Ганеш Наик од технолошкиот универзитет во Сиднеј, кој не е вклучен во проектот, вели дека опитите на животните не гарантираат секогаш ист успех и кај човекот. „Доколку би функционирало и во тестирањето на луѓето, тоа би претставувало огромен исчекор“, вели.

Други можни примени на таквиот стент се при следењето на мозочните активности кај лица со епилепсија, за да се откријат претстојните напади.

Доколку се покажат успешни, стентовите би им овозможиле на пациентите и комуницирање со помош на компјутер, вели професорот Клив Меј од Флори институтот за невронауки и ментално здравје кој работи на проектот кој го финансираат австралиската влада и армијата.

„Луѓето би требале да научат како да ги формираа вистинските мисли покрај кои тоа би функционирало, слично на учењето на свирење. Морате тоа да го научите, а кога еднаш тоа ќе ви успее, станува природно“, вели професорот Меј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП