5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom се откажува од продажбата на холандскaта подружница

Deutsche Telekom се откажува од продажбата на холандскaта подружница

Deutsche Telekom annual results

Германскиот телекомуникациски концерн „Deutsche Telekom“ се откажува од продажба на својата сестринска фирма во Холандија.

„Ние не планираме во моментов продажба на бизнисот“, изјави главниот извршен директор на компанијата Тим Хотгес во интервју за „Bloomberg“ направено во рамките на саемот „Mobile World Congress“ во Барселона. „Во моментов нема можност за тоа“, тврди менаџерот.

Според податоци на „Ројтерс“, Акционерските друштва „Warburg Pincus“ и „Apollo“ се единствените преостанати засегнати од продажбата на компании. „Deutsche Telekom“ се надевала да добие барем осумкратно повисока цена од очекуваната за 2016-та година, оперативен профит пред каматите, даноците, оштетен и амортизација (EBITDA). Поинаку кажано, тоа го прави износот од 3,6 милијарди евра, тврдат запознаени извори. Финансиските инвеститори сепак нуделе под 7,5 пати од „EBITDA“, пренесува агенцијата.

Од 2000-та година „Deutsche Telekom“ има претставништво во Холандија. Во меѓувреме, сепак во последните години конкуренцијата од страна на „KPN“ и „Vodafone“ станува силна.

Пред неколку дена „Vodafone“ објави дека ќе го обедини бизнисот во Холандија со американскиот кабелски оператор „Liberty Global“. Во првите девет месеци од 2015-та година оперативната добивка на „T-Mobile Niederlande“ опаѓа со 17 проценти до 382 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП