21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВегетаријанска исхрана – феноменална или ужасна идеја?

Вегетаријанска исхрана – феноменална или ужасна идеја?

vege555

Често е мислењето дека ваквиот начин на исхрана е поздрав, а научниците од Универзитетот во Грац неодамна дојдоа до интересно откритие…

Иако вегетаријанците често истакнуваат дека нивниот начин на исхрана е подобар за природата и е поздрав, научниците со последното истражување го негираа тоа.

Вегетаријанците имаат послаб имунитет поради што почесто се разболуваат за разлика од луѓето кои консумираат месо. Истражувањето покажало дека тие често заболуваат од рак и срцев удар, а се соочуваат и со психолошки проблеми во поголем процент.

Вегетаријанците имаат поголем ризик да заболат од рак?

Истражувањето покажало дека вегетаријанците имаат за 166 проценти поголем ризик од рак во споредба со лицата кои консумираат месо и за 150 проценти поголем ризик за развивање на срцеви болести. Исто така, двојно е поголема веројатноста дека ќе се соочат со анксиозност или депресија.

Луѓето кои во исхраната користат месо имале повисоко ниво на вкупниот квалитет на животот од вегетаријанците и веганите, како и подобри социјални односи и поголемо задоволство во животот.

„Идеолошката порака на ваквиот начин на исхрана дава лажни ветувања“, заклучија научниците од Грац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП