11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОне.Вип нуди мобилна, фиксна телефонија, телевизија и интернет за само 1.199 денари

Оне.Вип нуди мобилна, фиксна телефонија, телевизија и интернет за само 1.199 денари

vip-kombo

Оне.Вип ја обновува понудата Вип Комбо со која корисниците можат да го одберат Вип Комбо С пакетот со месечна претплата од 1.199 денари во првите 12 месеци.

Пакетот нуди дигитална телевизија со еден приклучок, до 90 телевизиски канали од кои 10 HD, неограничен интернет со брзина до 30Mbps, фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите национални фиксни броеви и кон корисниците на Вип тарифните модели и мобилна линија со неограничени разговори, СМС кон сите национални мрежи и 2GB мобилен интернет.

„Доколку корисниците сакаат да уживаат во телевизија со два приклучоци, до 120 телевизиски канали со 23 HD канали, неограничен интернет сообраќај со брзини до 50Mbps, фиксна линија со телефонија со неограничени разговори кон сите национални фиксни броеви и кон корисниците на Вип тарифните модели и мобилна линија со неограничени разговори, СМС кон сите национални мрежи и 2GB мобилен интернет можат да одберат Вип Комбо М со месечна претплата од 1.399 денари за првите 12 месеци“, се вели во соопштението.

Понудата е достапна за сите нови корисници со договор на 24 месеци во Скопје , Битола, Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Кочани, Штип и Прилеп на локации каде што постои техничка можност за користење на услугата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП