13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо кој период од денот треба да јадете за побрзо да ослабите?

Во кој период од денот треба да јадете за побрзо да ослабите?

period-denot

Компанијата „Forza Supplements“ ги анализираше податоците од лицата кои драстично ослабеле со цел да истражи во кој период од денот треба да појадувате, кога треба да ручате и вечерате доколку сакате брзо и ефикасно да ослабите…

Компанијата, која ги анализираше податоците за лицата кои исклучително брзо ослабеле, открива дека тие освен што внимавале што внесуваат во организмот, исто така, воделе сметка и за тоа во колку саат јадат.

Врз основа на ова истражување откриено е дека најдоброто време за појадок е околу 7 часот наутро, ручекот се препорачува меѓу 12 и 30 и 13 часот, а вечерата меѓу 18 и 18 и 30.

Три четвртини од лицата кои учествувале во ова истражување изјавиле дека при слабеењето им помогнало тоа што имале лесен ручек, а меѓуоброкот не го избегнувале.

Истражувањето покажа дека најкритичните часови за диетата се меѓу 18 и 22 часот, кога е најтешко да издржите без храна и лицата кои биле на диета во овој период од денот најтешко им одолевале на искушенијата.

Ова истражување всушност ја потврдува изреката: појадокот изедете го сами, ручекот поделете го со пријателите, а вечерата подарете му ја непријателот.

Всушност, решението не е во избегнувањето на вечерата, туку во тоа да ја изедете минимум три часа пред да си легнете, а доколку можете и порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП