28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставници на „Браќа Манаки“ во Берлин договараат соработки за претстојното издание

Претставници на „Браќа Манаки“ во Берлин договараат соработки за претстојното издание

berlin-fes

Претставници на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола престојуваат во Берлин, филмската престолнина која деновиве ги собира филмските професионалци на едно место за да остварат контакти со филмски работници, фондови, асоцијации, кои треба да дадат видливи резултати на 37. издание на фестивалот.

Важни состаноци остваруваат селекторите на фестивалот, предводени од директорот Димитар Николов.

Најважната средба се случи вчера, а тоа е разговорот со директорот на Светската асоцијација на филмски продуценти, Беноа Жинисти, и менаџерот за фестивали, Адриен Мажурел.

Директорот Димитар Николов разговараше за категоризација на „Браќа Манаки“, што би му дала многу подобра позиција на светската мапа на фестивали. Од Асоцијацијата го потврдија интересот за соработка со фестивалот и веќе се разгледуваат конкретни детали.

Седиштето на ФИАПФ е во Париз, а асоцијацијата е составена од 30 членки-асоцијации од 27 водечки земји во полето на аудио-визуелната продукција. Оваа асоцијација е задолжена за регулација на интернационалните светски фестивали, вклучувајќи ги и најголемите.

На 14 февруари, заедно со глобалната мрежа на филмски професионалци „Ај он филмс“ (Eye on Films) организиравме коктел што предизвика голем интерес меѓу филмаџиите во Берлин. На коктелот дојдоа директори на фестивали, продуценти, режисери, дистрибутери, директорката на „Медиа“ програмата, претставнцици на светски медиуми, меѓу кои и на „Скрин дејли“, а поводот беше прослава на пет години успешно постоење на платформата „Ај он филмс“, која на 36. издание на фестивалот во Битола беше претставена како посебна програма.

„Нашиот фестивал учествуваше како рамноправен партнер на настанот, а логото на фестивалот беше јасно истакнато на промотивниот материјал. Директорот Николов ги поздрави присутните, а меѓу гостите беа и македонски продуценти и филмаџии.

Николов оствари средба со директорката на Европската филмска академија, Марион Дуринг, со директорката на ЕАВЕ (Европски аудио-визуелни претприемачи), Кристина Трап, како и со многумина други филмски професионалци“, се вели во соопштението на „Браќа Манаки“.

Претставници на фестивалот се сретнаа и со носителите на проектот FirstFilmsFirst, професионална програма за обучување млади режисери од Југоисточна Европа за развој на прв долгометражен игран филм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП