28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАRovio оствари рекорден профит

Rovio оствари рекорден профит

angry birds

Финскиот производител на видео игри за мобилни телефони „Rovio“ направи рекорден профит за минатата година од 55 милиони евра, а приходите на оваа компанија беа 152 милиони евра.

Компанијата „Rovio“ која е позната по играта „Angry Birds“ соопшти дека во 2012-та година го зголемија нето-профитот за 57 проценти и дека работеле рентабилно, благодарејќи пред се поради популарната игра со црвената птица.

Приходите од продажба се речиси двојно се зголеми поради тројно зголемената продажба на играта „Angry Birds“, која минатата година учествуваше со 45 проценти од вкупните приходи.

Во декември 2012 година популарна игра броеше 263 милиони корисници.

„Rovio“ за во 2013-та година објави отворањето на првиот забавен парк во Азија кој ќе биде во близина на Шангај. „Angry Birds Land“ ќе биде третиот парк на тема борбата помеѓу птиците и свињите, откако по еден таков веќе има отворено во Финска и Велика Британија.

Во почетокот на март оваа година компанијата се обиде да привлече нови корисници со тоа што потполно бесплатно им ја понуди играта „Angry Birds“ на сите корисници на „Apple“, но се уште не е познато дали е во прашање трајна понуда или цената ќе се врати откако „Rovio“ ќе го зголеми бројот на корисници.

Од кога „Rovio“ ја лансираше „Angry Birds“ во 2009-та година играта беше превземена преку милијарда пати. Следните верзии исто така имаа и две филмски теми: „Angry Birds Rio“ и „Angry Birds Star Wars“.

Колку е популарена играта зборува и фактот дека кон крајот на минатата година компанијата најави и долгометражен анимиран 3D филм кој во кината би требало да се појави во летото 2016-та, а „Rovio“ сами ќе го финансираат проектот, надвор од холивудските студија, како би ја задржале креативната контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП