9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕDream Watch 5 - метеорски часовник од 408.000 евра (фото)

Dream Watch 5 – метеорски часовник од 408.000 евра (фото)

дд

Познатиот часовничарски бренд, „De Bethune“, ја претстави својата нова, футуристичка креација…

Овој часовник со чуден дизајн го носи називот „Dream Watch 5“ и мора да признаеме дека неговиот изглед навистина не изненади. Ова дефинитивно е уникатен часовник кој никогаш досега не сме го виделе. Неговиот футуристички дизајн е направен по пример на метеорските камења, а куќиштето со интересен облик само по себе има насликани ѕвезди и галаксии кои ќе ви дадат чувство дека универзумот е ваш.

„Dream Watch 5“ е неверојатно отпорен и издржлив, бидејќи е направен од титаниум. Ова е навистина часовничарско ремек дело за кое се потребни многу часови професионална работа за да се оствари. Часовникот има многу едноставни и основни функции, па така на малиот бројчаник можете да ги видите ознаките за часот и минутите. Главниот фокус е сместен на огромното интегрално куќиште кое изгледа како свемирски брод на вашиот зглоб.

Овој часовник дефинитивно ќе направи да бидете главна тема на разговор. Информации за механизмот за жал немаме, но знаеме дека ширината на ова куќиште е 50 мм, што е прилично голема димензија за часовник.

Вакво ремек дело, нормално, не доаѓа по евтина цена, па така овој часовник е биде ваш ако имате 408.000 евра.

дд1

дд2

дд3

дд4

дд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП