17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го рускиот Belmond Grand Hotel (фото)

Посетете го рускиот Belmond Grand Hotel (фото)

бел1

Русија нуди сјајни места за одмор и релаксација, а „Belmond Grand Hotel“ е дефинитивно место кое морате да го посетите…

Овој познат хотел се наоѓа во срцето на Санкт Петербург и нуди луксуз кој би го импресионирал секој крал. Архитектурата и дизајнот на ентериерот на овој хотел ќе ве врати во 19-тиот век, но истовремено ќе ви овозможи погодности од модерниот живот. „Belmond Grand Hotel“ е совршен спој на минатото, уметноста, архитектурата, дизајнот и техниката.

„Belmond Grand Hotel“ на своите посетители им нуди 265 луксузни соби и апартмани. Некои од нив имаат прекрасни балкони на кои можете да уживате во прекрасниот Санкт Петербург, додека другите се трансформирани во соби од 19-тиот век кои ќе ви ја прикажат убавината на руската историја.

Хотелот исто така е познат по својата феноменална кујна и ако некогаш во иднина го посетите, задолжително пробајте некој од руските, италијански и француски специјалитети кои ќе ве воодушеват.

Санкт Петербург е еден од најубавите европски градови, а „Belmond Grand Hotel“ е тука за да ви помогне подобро да го запознаете и искусите.

бел2

бел3

бел4

бел5

бел6

бел7

бел8

бел9

бел10

бел11

бел12

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП