18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Италија - бастионот со расклатена репутација

Централната банка на Италија – бастионот со расклатена репутација

italija banka 335

Централната банка на Италија одамна се смета за бастион на компетентност и стабилност во третата најголема економија во еврозоната – противтежа на често нестабилното економско стопанисување на владата во Рим.

Масовната распродажба на акциите од италијанскиот финансиски сектор од почетокот на годината, сепак ги засили обвинувањата дека институцијата не успеала да го заштити банкарскиот сектор во позадина на стравувањата за построгите правила за спасување на банките во Европската унија (ЕУ).

„Централната банка на Италија треба прво да биде обвинета, затоа што е одговорна за мониторинг над банките, кои се во неволја или имаат проблеми“, коментира Рикардо Пулизи, економист и советник на централнодесничарската политичка група „Italia Unica“.

Според него институцијата го омаловажува проблемот со надзорот на кредити, иако тој е добро познат.

Притисокот врз централната банка се засили во ноември по спасувањето на четири мали регионални банки во централниот дел на Италија. Илјадници ситни инвеститори освен тоа предвидоа големи загуби поради новите барања на ЕУ за управување со банкарскиот банкрот.

Притисокот се зголеми уште повеќе во последните недели поради падот на банкарските акции, со што се зголемува прашањата околу здравјето на финансиските институции во земјата.

Игнацио Виско, кој во 2011-та година ја презеде функцијата на гувернер на централната банка во Италија, откако Марио Драги, се соочи со тешки протести поради кои пратениците од опозицијата побараа негова оставка. Владата на премиерот Матео Ренци сепак јавно објави дека има целосна доверба на Виско и Централната банка.

Сепак кабинетот презеде некои чекори – повика на парламентарна истрага за регулацијата на спасените банки и посочи свој претставник кој ќе ги обработува барањата на инвеститорите за бенефициите. Ова во извесна смисла изразува или лично незадоволство, или во најмала рака се прави обид Централната банка да се посочи како удобна цел со цел укинување на вината од грешките за време на банкарската криза.

„Ако се вратиме во 2010-та година, мантрата во Италија беше дека банките се добро. Истата мантра продолжува да се повторува“, коментира директор на банка во земјата, кој побарал анонимност. Тој додава дека постои проблем со непризнавање на реалноста.

Вработените во Централната банка на земјата ја заштитуваат работа, наведувајќи дека институцијата има децении искуство во спречувањето на банкарски кризи. Тие коментираат дека надзорот на кредити е последица од најдолгата и најдлабоката рецесија во историјата на земјата, а институцијата го занемарува нејзиното зголемување и присилувајќи ги финансиските институции да ги зголемат залихи во 2013-та и 2014-та година.

Конкретни обвинувања, се упатени до италијанската Централна банка, а тие звучат противречно. Една од нив е дека институцијата требало да ја убеди Владата да се спасат банките со парите на даночните обврзници, што направија други земји за време на финансиската криза.

Другото обвинение е дека институцијата требало да е поагресивна во принудувањето на банките капиталот да биде како тампон против лоши кредити. Според критичарите на Централната банка таа била и премногу блага со банките, кои се управувани лошо, и би требало да стави консолидација во секторот.

Трето обвинение е дека институцијата не ја наметнувала својата волја доволно силно во преговорите со ЕУ и Европската централна банка (ЕЦБ) за стрес тестовите на банките.

Во минатиот месец Виско побара ревизија на правилата за спасување на финансиските институции, но според критичарите тоа се случило со задоцнување. Тоа предизвика тензии во Брисел и Франкфурт, каде се сметаше дека правилата се конечно уредени.

Претстои и уште еден тест за италијанската централна банка – дали таа ќе може да присили некои од заглавените банки да се спојат и да го продадат надзорот за кредити на приватни купувачи преку владината шема, неодамна одобрена од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП