3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот инвестициски фонд се насочува кон одговорното инвестирање

Норвешкиот инвестициски фонд се насочува кон одговорното инвестирање

kruni svetska 335555

Нафтениот фонд на Норвешка со инвестиции во износ од 810 милијарди долари во минатата година се разделил со учеството во 73 компании. Образложение за некои од нив биле заштита на животната средина или видот на управување, што е дел од политиката на Фондот за одговорно инвестирање.

За време на годишните средби на групите во кои најголемиот државен инвестициски фонд во светот има учество, Фондот гласал против 9.000 решенија, иако биле поддржани од компаниите. Меѓу овие групи се „Apple“, „ExxonMobil“, „Sanofi“, „Anheuser-Busch InBev“, „Toyota“ и „General Electric“.

Податоците се вклучени во вториот годишен извештај на Фондот за одговорно инвестирање, претставен во четвртокот, кој е деталната целта на фондот да го користи своето влијание на финансиските пазари, за да изврши притисок за добро корпоративно однесување.

Темпото на продавање на учество се зголеми од 49 компании во минатата година, кога „Norges Bank Investment Management“ се раздели со акциите во компании за јаглен и цемент, како и во некои други компании. Фондот го има продадено учеството во 16 компании за генерирање на електрична енергија преку јаглен, 11 за екстракција на јаглен, 9 во градежниот сектор и 8 во производството на цемент.

Поддршката на фондот за предлозите на компаниите за време на годишните состаноци, сепак е поголема, гласајќи за 92% од нив во однос на 85% во 2014-та година.

А сепак Фондот гласал против големи компании, особено по прашања за обединување на улогите на главниот извршен директор и претседателот. Меѓу 25-те најголеми компании, дел од портфолиото на фондот, „JPMorgan“, „Wells Fargo“, „GE“, „Exxon“ и „Johnson & Johnson“ добиле одбивање за обединување на двете позиции.

Фондот освен тоа почна да објавува однапред како ќе гласа на годишните средби на компании како „BP“, „Royal Dutch Shell“ и „AES“. Тој откри дека во девет случаи престанале со претходно објавување откако компаниите реагираа позитивно. Иницијативата, која е уникатна меѓу најголемите инвеститори, предизвика дебата дали ова е најдобар пристап за промена на однесувањето.

Единствената компанија која не е вклучена во извештајот, е „Volkswagen“, германскиот производител на автомобили, опфатен со скандалот за манипулација на податоците за испуштање на штетни гасови. Како најголем сопственик на обични акции во „VW“ по тројцата големи инвеститори, доминантни во одборот, нафтениот фонд изјави дека структурата за управување е „сложена и проблематична“.

Фондот ја „набљудувал компанијата внимателно и тековната состојба, а притоа побарал подобра структура на управување“. „VW“ во која само 1 од 20 директори од Управниот одбор е независен од компанијата и нејзините акционери, ја објави својата намера да го подобри корпоративното владеење, објави Фондот.

Претставувајќи ги приоритетите за годината, Фондот, финансиран од нафтени приходи, сака акционерите во САД да можат да нудат свои директори. Тој го претпочита и индивидуалниот, а не општиот избор на одбор на директори во Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП