5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапите брендови во светот

Најскапите брендови во светот

brendovite 395

Технолошките брендови ги заземаат првите места на листата на 500-те најскапи во светот, изготвена од „Global Finance Brand“.

„Apple“ е единствената компанија чиј бренд е оценет на повеќе од 100 милијарди долари – 145.9 милијарди долари. „Сребрениот медал“ и второто место е за „Google“ со проценка од 94 милијарди долари, а трет редовно е „Samsung“ со 83 милијарди долари.

Топ 5 се дополнува со гигантот во онлајн трговија „Amazon.com“, како и од „Microsoft“, чии брендови се проценети на соодветно на 69 и 67 милијарди долари.

Три телекомуникациски компании – „Verizon“, „AT & T“ и „China Mobile“, исто така се во првите 10, рангирајќи се на шестото, седмото и деветтото место, а на осмата и десетта позиција се „WallMart“ која е единствената марка која забележа пад во оценката од пред една година, и „Wells Fargo“.

Најголем раст во проценката на брендот се забележува кај „Wells Fargo“ (26%), „Amazon“ и „Google“, односно 24 и 23 отсто. „Toyota“, „BMW“ и „Mercedes“ се најскапите автомобилски брендови, додека „Allianz“, рангирајќи се на 44-то место, е на чело меѓу осигурителните компании.

Меѓу познатите брендови кај нас вреди да се истакнат „Coca Cola“ и „Facebook“, високите 17-та и 18-та позиција, додека „IBM“ е на 22-ро место. „Walt Disney“ е две места подолу, додека најпопуларната марка цигари во светот „Marlboro“ се проценува на околу 30 милијарди долари и е рангирана на 27-то место.

Производителот на спортска опрема „Nike“ е 29-ти, а „Nestle“ и „Starbucks“ се 37-ми и 38-ми. „Huawei“ е бренд, чија проценка е зголемена најмногу во минатата година – 70 отсто, додека во топ 100 најмногу се намалува оценката на „Volkswagen“ – 39%.

brendovite 396

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП