27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft го купи SwiftKey

Microsoft го купи SwiftKey

micro-swift

Компанијата Microsoft соопшти дека ја купила компанијата за вештачка интелигенција SwiftKey, чиј софтвер овозможува препознавање на зборовите кои корисникот ги внесува за време на пишување порака.

Весникот The Financial Times пренесе дека договорот за купување на SwiftKey е вреден 250 милиони долари.

Microsoft во соопштението наведе дека ќе работи на интеграција на технологијата на SwiftKey со својата технологија за Windows, како и дека ќе се фокусира на воведување на своите апликации во технологиите за Андроид и иОС.

SwiftKey, кого го основаа дипломци од Кембриџ во 2008 година, последна е во низата британски компании за вештачка интелигенција кои ги купија американските технолошки гиганти.

SwiftKey се наоѓа во многу паметни телефони, но и во софтверот во инвалидската количка на научникот Стивен Хоукинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП