30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛак за нокти од 130.000 долари (фото)

Лак за нокти од 130.000 долари (фото)

lako1

Многу жени ширум светот во својот изглед вложуваат огромни суми на пари, односно вистински мали богатства…

Од скапоцени третмани за лице, креми, серуми, па се до бои за коса, шминки и лакови за нокти… за сето ова жените се подготвени да дадат многу пари со цел да изгледаат убаво. Еден салон за маникир отиде чекор понатаму. Калифорнискиот Nail Lounge го претстави најскапиот лак за нокти во светот, „Gold Rush by Models Own“.

Едно шишенце од овој лак ќе ве чини 130.000 долари. За тие пари можете да купите нова кола, стан и што уште не, но некои жени би сакале да ги потрошат на лак за нокти. Станува збор за лак со златна боја, кој е исполнет со повеќе од илјада парченца прав од дијаманти (дијамантска прашина), која на ноктите им дава магичен сјај. Инаку, овој салон е единственото место каде што можете да го купите.

Менаџерот на овој салон за убавина, Тони Нујен, кој е познат по своите маникири од 25.000 долари, изјави „Не само што овој лак е сосема ексклузивен – неговата исполнетост и димензијата на бојата на ноктите, претставува нешто што ниту еден друг лак не може да го понуди. Кога ќе го ставите на ноктите, вашите нокти навистина ќе делуваат како да се декорирани со златни лисја и дијамантска прашина“.

lako3

lako2

lako4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП