11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит, цените на нафтата под притисок

Остар пад на Волстрит, цените на нафтата под притисок

berza 33530056

Берзанските индекси на Волстрит остро паднаа во вторникот под притисок од падот на цената на нафтата и анемичните квартални деловни резултати на американските компании.

Dow Jones падна 295 поени, или 1,80 отсто, на 16.153 поени, додека S&P 500 потона 1,87 отсто, на 1.903 поени, а Nasdaq се зголеми за 2,24 отсто, на 4.516 поени.

Во девет од 10 сектори на S&P 500 цените на акции вчера паднаа, а најмногу за 3,3 отсто, потона енергетскиот сектор, како последица на натамошниот пад на цената на нафтата.

Поради ниските цени на „црното злато“ нафтените гиганти бележат лоши финансиски резултати.

Цената на акцијата на Exxon Mobil падна вчера за над 2 отсто бидејќи најголемата нафтена светка компанија извести за најмалата квартална добивка за последните децении. Британски BP оствари, пак, загуба во минатата година од 6,5 милијарди долари.

Ниту компаниите од другите сектори не воодушевија од своите деловни резултати, бидејќи на нивните приходи и добивки лошо влијае забавувањето на глобалниот раст и високиот курс на доларот, што ги смалува приходите на американските компании од странските пазари.

Меѓу ретките компании кои значително ги надминаа очекувањата на аналитичарите вчера се најде Alphabet, кровна компанија на Google, чија цена на акцијата порасна за 1,3 отсто. Alphabet успеа да го потисне Apple од челното место на листата најголеми светски компании според пазарна вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП