18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom го основа новиот оддел Telekom Security

Deutsche Telekom го основа новиот оддел Telekom Security

Editorial use only in direct correlation with Deutsche Telekom AG. / Nur zur redaktionellen Verwendung im direkten Zusammenhang mit Diensten der Deutschen Telekom AG

Германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom (DT) најави во вторникот основање нов деловен одел Telekom Security, за да го осигури натамошниот раст врз основа на безбедносните решенија.

Новиот оддел официјално ќе биде основен 1-ви април годинава, а официјално ќе започне да работи како деловна единици од 1-ви јануари 2017 година, соопштија од Deutsche Telekom.

Одделот Telekom Security ќе ги обедини безбедносните оддели од различни делови на групацијата, а неговите производи ќе се продаваат на пазарот како брендот „Magenta Security“, се додава во соопштението.

„Главната идеја е во заднината на тие решенија дека безбедноста мораме да ја претвориме во лесна задача, лесна за спроведување и за разбирање“, истакнува извршниот директор на информатичкиот одел во T-Systems во Фери Аболхасан, на кого му е доверена задачата за градење на Telekom Security.

Според него, компанијата на саемот на електроника CeBIT кон средината на март во Хановер, ќе ги претстави безбедносните иновации наменети за потрошувачи, како и за малите и средните и големите претпријатија.

„Новиот производ ќе биде достапен најдоцна до летото 2016 година, а примерите вклучуваат решенија Magenta Security за фиксните мрежи, базирани на облак, како и решенијата за паметните телефони и решавање на мрежните шифри за малите и средните претпријатија базирано на периферните единици (PnP)“, се додава во соопштението на компанијата.

Во аналитичката компанија „Experton“ очекуваат дека германскиот пазар на безбедносни решенија оваа година ќе порасне за 7 отсто, се наведува уште во соопштението на од Deutsche Telekom, во коешто не се споменуваат конкретни бројки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП