4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна продажба на возила во САД

Рекордна продажба на возила во САД

vozila

Американските гиганти „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „Крајслер“, минатиот месец забележале најдобра продажба на пазарот во САД уште од 2007 година.

На американскиот пазар минатиот месец вкупно биле продадени 1,45 милиони возила, што е за 3,4 отсто повеќе отколку во март 2012 година.

Аналитичарите оценуваат дека за цела година, вкупната продажба ќе надмине 15 милиони автомобили.

„Џенерал Моторс“ во март продал 245.950 возила, што е за шест отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека „Крајслер“ продал 171.606 автомобили или за пет проценти повеќе од лани.

„Форд“ продадал вкупно 236.160 возила, со што е забележан раст од шест отсто во однос на март 2012 година. Тоа претставува најдобар резултат на оваа компанија уште од мај 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП