17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ покрај силниот долар, профитот на Procter & Gamble расте

И покрај силниот долар, профитот на Procter & Gamble расте

procter-gamble-wm

Профитот на американскиот производител на стока за широка потрошувачка „Procter & Gamble“ порасна во последниот квартал од 2015 година, и покрај силниот долар.

Јачината на доларот продолжи да ја намалува вредноста на продажбата во странство.

Во тој квартал, компанијата остварила нето профит од 3,21 милијарди долари, за 35,1 проценти повеќе во однос на истиот период во 2014 година, благодарение на намалувањето на трошоците и фокусирањето на производите со поголема профитна маржа, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите, сепак, се намалиле за девет проценти, на 16,9 милијарди долари во кварталот завршно со декември, главно поради негативниот ефект на силниот долар.

Меѓутоа, кога ќе се исклучи влијанието на девизниот курс како и инвестирањата и продажбата на дел од бизнсот, т.н. органска продажба на компанијата пораснала за два проценти.

„Охрабрени сме со повратот на органскиот раст на продажбата“, се наведува во соопштението на новиот претседател и генерален директор на компанијата, Дејвид Тејлор.

Компанијата соопшти дека во тој квартал откупила заеднички акции во вредност од две милијарди долари и им исплатила дивиденда на акционерите во износ од 1,9 милијарди долари.

По обавувањето на овие вести, акциите на компанијата пораснале за 1,1 проценти, на 70,70 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП