28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle работи на соларни дронови за 5G мрежа

Google работи на соларни дронови за 5G мрежа

google headquarters

Никој не ги сака клеточните кули (освен мобилните оператори, можеби). Многу наскоро сепак кулите можат да останат во историјата, како што се факс апаратите во моментов.

Причината е во напорите на технолошките компании за реализација интернет на секој можен начин. Според материјал на „The Guardian“ во терминалот на „Virgin Galactic“ во Њу Мексико, чија површина е речиси 5.000 квадратни метри, „Google“ тестира „5G“ беспилотно соларно летало, кое безжично ќе ги замени постоечките клеточно-базирани мрежи, кои повеќето од нас ги користат за да добиваат интернет.

Инженерите на „Google“ работат на таен проект со кодно име „SkyBender“, а експериментираат со радио преноси. Тест технологијата користи милиметарско браново подрачје за прием и пренос на податоци со брзина до 40 пати побрзи од сегашните 4G / LTE услуги кои многу мобилни провајдери ги користат.

Оваа технологија одамна се смета за клучна за иднината на безжичните комуникации, откако се поголем дел од однапред определената пропусен опсег се користи и во некои случаи се оптоварува.

„Google“ најверојатно експериментира со решавање на овој проблем преку комбинација од современи предаватели, повеќе чувствителни приемници, како и антени. Евентуално технологијата ќе може да го замени широкопојасниот интернет пристап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП