4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВоопшто не потсетува на телефон: Новиот iPhone ќе изгледа вака

Воопшто не потсетува на телефон: Новиот iPhone ќе изгледа вака

newiphone1

Новиот патент кој го заштити „Apple“ покажува каква може да биде иднината на „iPhone“.

Новиот „iPhone“ ќе има заоблен екран, кој достигнува до ивицата на уредот и го проширува видното поле, на овој екран сите физички тастери ќе бидат отстранети.

Новата пријава за патент за „iPhone“ укажува на тоа дека новиот дизајн на смартфони може да изгледа како на сликата. Таквиот дизајн значи дека смартфонот нема да има оквир и дека екранот ќе завзема поголема површина.

Патентот открива дека „Apple“ сака да ја искористи предноста на новата генерација на екрани, кои не мора да бидат рамни и цврсти како денешните LCD екрани.

Во патентот, исто така е опишана и технологијата за препознавање на лица. Звучи интересно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП