27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоминаа 40 години од првиот повик од мобилен

Поминаа 40 години од првиот повик од мобилен

U.S. engineer Martin Cooper holds the Motorola DynaTAC phone, the world's first commercial handheld cellular phone, and his current mobile phone during a news conference in Oviedo

Пред точно 40 години бил воспоставен првиот телефонски повик по пат на мобилен. На 3-ти март 1973-та година Мартин Купер од Моторола пред новинарите го повикал Џоел Енгел во Бел Лабс.

Прототипот на мобилниот бил тежок повеќе од килограм, бил долг 9 инчи, висок пет, а широк 1.75 инчи. Со него можело да се разговара полни 30 минути, а му било потребно 10 часа повторно да се наполни. Тоа бил клучниот момент во развојот на мобилната телефонија, а особено затоа што Џон Мичел, шефот на Мартин Купер, ги натерал сите во Моторола да прават помали и попрактични уреди кои би можеле да се користат било каде.

И пред овој уред постоеле преносни телефонски уреди, но биле со големина на актовка и се користеле само во автомобилите. Но може да се каже дека наведениот уред на Моторола е првиот мобилен телефон во онаа смисла во која денеска ние ги знаеме и ги користиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП