26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈан Питлик замина од ЖРК Вардар

Јан Питлик замина од ЖРК Вардар

питлик

Македонскиот женски првак Вардар и досегашниот консултант во тимот Јан Питлик се договорија за спогодбено раскинување на договорот за соработка. Истиот стапува на сила веднаш, и го ослободува од сите должности Питлик во тимот на Вардар.

„Клубот секогаш им излегувал во пресрет на играчите и членови кои изразиле желба за предвремено заминување. Овојпат заеднички со нашиот консултант Јан Питлик се договоривме наместо на лето, спогодбено да го раскинуваме договорот, и истиот да стапи на сила веднаш, давајќи му можност за моментно заминување, изјавил за клупската интернет страница, Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Инаку, првично беше договорено Питлик да го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона, иако тој имаше договор со ЖРК Вардар до јуни 2017 година. Као што објасни данскиот тренер поради неможноста да биде со своето семејство побарал да биде ослободен од обврските на крајот сезоната.

Зошто Питлик решил да не остане до крајот на сезоната објаснил во кусото интервју за данскиот медиум www. bt.dk. Како што вели на одлуката веднаш да го напушти Скопје ја донел откако во Вардар решиле помошникот тренер во машкиот тим Дејвид Камара во тренерската хиерархија во женскиот тим да го постават над него.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП