21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВисоката школа и МОН ги повикаа средношколците да се изразат преку медиумите

Високата школа и МОН ги повикаа средношколците да се изразат преку медиумите

photo 2

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Министерството за образование и наука денеска го презентираа проектот „Изрази се преку медиумите“. Проектот веќе петта година се реализира како конкурс за најдобар средношколски медиумски производ. На конкурсот, најуспешните матуранти ќе бидат наградени со стипендии за студирање новинарство и односи со јавноста, а за училиштата и останатите средношколци се предвидени награди лап топ, камера и фотоапарат.

Министерството за образование и наука е партнер во проектот втора година по ред. Оваа година темата е „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“. Министерот Панче Кралев вели дека една од целите на Министерството е да ги охрабри средношколците да бидат активни граѓани и да учествуваат во општеството преку различни активности во и надвор од училиштето.

„Сметаме дека конкурсот ќе ги стимулира средношколците, преку изработка на медиумски производи, да ги искажат своите гледишта за тоа како можат да им помогнат на ранливите групи во општеството, да ја заштитат животната средина, да го чуваат културното наследство, да ги почитуваат културните различности и за други теми од јавен интерес.“, изјави министерот Кралев.

Проектот е поддржан од широка платформа на етаблирани медиуми и компании, кои ги доделуваат стипендиите и на тој начин им нудат можност на средношколците за кариерен развој и ја потврдуваат нивната општествена одговорност.

photo 1

„Високата школа ја воспостави програмата `Изрази се преку медиумите` како обид да се направи мост меѓу индустријата и високото образование, но и да се обезбеди можност најдобрите средношколците со афинитети за новинарство и односи со јавноста и да добијат стипендии кај нас“, директорката на Високата школа Жанета Трајкоска.

Оваа година, стипендиите за студирање ги овозможија АЛФА ТВ, Радио Канал 77, Медиа Принт Македонија, Club FM Радио, „McCann Erickson“, „APRA Porter Novelli“ и „Нова Македонија“.

Средношколците можат да се пријават на конкурсот со видео, фотоприказна и есеј до 21-ви април, а сите информации ќе ги најдат на www.vs.edu.mk.

 

 

Контакт:

Дејан Андонов, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

[email protected], 02 30 90 004

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП