24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи оствари рекордна посетеност во изминатата година

Дубаи оствари рекордна посетеност во изминатата година

185500205

Повеќе од 14,2 милиони луѓе минатата година го посетиле Дубаи, што е за 7,5 проценти повеќе отколку во 2014 година.

Најбројни биле туристите од Индија, Саудиска Арабија и Британија.

„Минатата година беше колеблива за туризмот ширум светот, бидејќи сите бевме сведоци за низата вознемирувачки фактори, од забавувањето на растот на азиските и европските пазари, па се до валутните флуктуации ширум светот“, се наведува во соопштението на туристичката организација на Дубаи, пренесува агенцијата Франс прес.

Овој град-држава во 2014 година го посетиле 13 милиони посетители, а властите планираат во наредните пет години да привлечат 20 милиони туристи годишно.

Дубаи минатата година го посетиле дури 3,3 милиони туристи од околните држави на Персискиот залив, или за 12,8 проценти повеќе отколку во 2014 година, додека само од Саудиска Арабија го посетиле 1,54 милиони.

Индиските туристи прв пат се искачија на првото место, бидејќи нивниот број пораснал за 26 проценти, на 1,6 милиони, додека бројот на британски туристи скокнал за 11 проценти, на 1,2 милиони.

„Регионот на западна Европа е на второ место според придонесот за растот на бројот на туристи, бидејќи од тоа подрачје во Дубаи отпатувале речиси три милиони туристи“, се наведува во соопштението на туристичката организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП