18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен трговски ден на Македонската берза

Релативно мирен трговски ден на Македонската берза

makedonska-berza

Тргувањето на Македонската берза во вторникот мина релативно мирно, без поголеми осцилации, при што најголем промет беше остварен со акциите на „НЛБ Тутунска банка“.

Денот заврши со вкупен промет од околу 2,3 милиони денари остварени преку 27 трансакции и вкупно истргувано количество од 2.102 акции.

Најголем промет, од 997.500 денари, беше реализиран преку три трансакции со 133 акции на „НЛБ Тутунска банка“ АД Скопје, по просечна цена од 7.500 денари по акција.

На врвот на листата на добитници се најдоа акциите на „Стопанска банка“ АД Битола, со раст на вредноста од 6,8 отсто, а зад нив беа акциите на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и „Стопанска банка“ АД Скопје со раст од 2,89 односно 2,50 отсто, соодветно.

На спротивната листа, со пад од 7,69 проценти првото место го зазема акцијата на „Арцелормиттал“ Скопје (ХРМ), со вкупно истргувани 1.100 акции по просечна цена од 12 денари.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, пад од 0,03 отсто, и неговата вредност на крајот од денот изнесуваше 1.805,90 индексни поени, додека, пак. индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП