24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ван Хол“ го проширува производството

„Ван Хол“ го проширува производството

vanhol

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра својата фабика во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години.

Од таму најавија отворање на дополнителни 400 работни места, а за проширување на бизнисот ќе градат нов магацин и ќе го прошируваат одделот за бојадисување, што ќе почне следниот месец.

Договорот за реализација на втората инвестициска фаза, во вторник, го потпишаа дирeкторот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и Филип Ван Хол, сопственик на белгиската компанија, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, претседателот на ВМРО¬ДПМНЕ Никола Груевски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во првата фаза во текот на годинава според најавите ќе се изгради нов магацин и ќе се прошири производниот оддел за бојадисување. Во втората фаза, во 2017/2018 година постоечките четири производни линии ќе бидат двојно зголемени.

На тој начин, производствениот капацитет ќе биде зголемен на 900 возила годишно место сегашните 500.

Како што најави сопственикот Ван Хол, ќе бидат ангажирани уште 400 работници, а до 2019 година вкупниот број на вработени во „Ван Хол“ во Македонија да достигне 1.250. Со проширувањето, како што информира Ван Хол, капацитетите на фабриката ќе достигнат 72 илјади метри квадратни.

„Планираме продолжување со инвестициските активности и сакаме да почнеме да произведуваме автобуси покрај за САД и ЕУ, и за Израел за што се во тек разговори за постигнување договор“, рече Ван Хол.

Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години и првично најавените 13 милиони евра кои подоцна во првиот производствен капацитет изнесуваат 20 милиони евра, во наредните четири години, како што посочи вицепремиерот Владимир Пешевски, ќе достигнат над 40 милиони евра.

Според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, со најавеното зголемување на капацитетите, Ван Хол ќе има најголем индустриски капацитет во државава со повеќе од 72 илјади метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП