
Не сме сигурни дали се ова парчиња чоколадо или парчиња злато…


Не сме сигурни дали се ова парчиња чоколадо или парчиња злато…
Компанијата Ross Limited ја претстави својата нова скапоцена посластица. Пакувањето на оваа луксузна бонбониера содржи 6 чоколадца и секое е поинакво од претходното.
Чоколадцата се сместени секоја во свое калапче, а калапчињата се направени од чисто вулканско стакло, што само ја зголемува вредноста на овие слатки. Меѓутоа, тоа не е се… калапите се прекриени со скапоцено злато и прават слатките да изгледаат скапоцено.
Секој од калапите претставува поинаков геометриски облик, а тие претставуваат природни елементи, како што се: оган, вода, земја, воздух… Ова пакување го содржи најскапото чоколадо во светот кое чини неверојатни 14.000 долари.
Оваа слатка колекција е инспирана од легендарните дами од Холивуд а тоа се: Вивиен Ли, Мерлин Монро и Одри Хепберн.



