10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали јајцата се навистина здрави?

Дали јајцата се навистина здрави?

jajajjajajajja

Кинеските научници се обидоа да утврдат дали може секојдневното консумирање на кокошкини јајца негативно да се одрази на здравјето.

Од моментот кога започнаа научните истражувања за јајцата, прехрамбената таблица за нивните нутритивни вредности постојано се менуваше.

Во последните години слушавме дека јајцата не се здрави и дека на нашиот организам му прават повеќе штета од корист.

Критиките најмногу беа упатувани поради холестеролот, а последното истражување покажува дека јајцата сепак се здрави и дека можеме слободно да ги јадеме.

Го намалуваат крвниот притисок

Имено, кинексите научници открија дека јајцата содржат една од клучните компоненти одговорни за намалување на крвниот притисок. Станува збор за пептид, кој, како што истакнуваат научниците, има моќ за запирање на растот на притисокот.

„Истражувањето покажува дека јајцата повторно можеме да ги наречеме неверојатна намирница“. Освен што можеме да ги искористиме на разни начини, тие се здрави“, истакна авторот на истражувањето д-р. Зипенг Ју.

Ова откритие е важно со оглед на тоа дека голем број на луѓе во светот имаат висок крвен притисок. Сепак, научниците предупредуваат дека се потребни понатамошни истражувања со цел да се истражат сите квалитети на јајцата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП