2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот Nexus 7 ќе излезе во јули

Новиот Nexus 7 ќе излезе во јули

neksus

Во последно време на големо се шпекулира дека втората генерација на  таблетот на „Google“ – „Nexus 7“ би требало да излезе на пазарот во јули.

Таблетите и овој пат за „Google“ ќе ги прави „Asus“, но со неколку важни промени, најважната е што внатре нема да се наоѓа повеќе „Tegra„ туку „Qualcomm Snapdragon“ (600 или 800, зависно од тоа колку „Google“ сака да ја субвенционира цената). Исто така на новиот „Nexus 7“ се очекува и поголема резолуција на екранот со помала димензија, но и потенко куќиште. Се потврдува дека со промената од „Tegrа“ во „Snapdragon“ најверојатно ќе дојде и до намалување на потрошувачката на батеријата.

Накрај, цената како и кај првата генерација на „Nexus 7“ е многу ниска. Се очекува дека „Google“ може да се одлучи за една до двете варијанти, а првата е новиот „Nexus 7“ да чини 199 долари, а стариот да остане во продажба со пониска цена. А пак во втората ситуација, стариот „Nexus 7“ да се повлече од пазарот, па во тој случај новиот би чинел 149 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП