5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИToshiba претстави три нови бизнис лаптопи

Toshiba претстави три нови бизнис лаптопи

tos lap 33

„Toshiba“ го зголемува фокусот на бизнис ориентирани лаптопи со три нови модели. Тие имаат зголемено ниво на безбедност и ги користат најновите процесори од шестата генерација „Core vPro“ на „Intel“.

Моделите се „Portеgе A30-C“ со 13,3-инчен екран, „Tecra A40-C“ со 14-инчен панел и „Tecra A50-C“ со 15,6-инчен дисплеј. И трите лаптопи можат да бидат опремени со сензор за отпечатоци, читач на смарт картички, „TPM“ за чување на клучеви за шифрирана информации и друго.

Уредите користат процесори „Core vPro“ на „Intel“ од шестата генерација со опција за користење на технологијата „Intel AMT“ за далечинско управување на компјутерот од системскиот администратор. На располагање е и дополнителна заштита на „Toshiba“, која може да спречи вклучување на лаптопот, во случај системот да детектира обид за неовластен пристап.

Лаптопите имаат заштита при испуштање на земјата и истурање на течности врз нив. ОД компанијата ветуваат дека во случај на хардверски дефект во рамките на првата година лаптопот ќе биде поправен бесплатно, а нејзиниот сопственик ќе ја добие назад целосната сума која ја платил при купувањето на соодветниот уред.

И трите модели ќе можат да се опремат со „LTE“ модул, имаат модули „Intel Dual Band Wireless-AC 8260“, како и три „USB“ порти, „HDMI“ порт, „LAN“, читач на мемориски картички и друго. „Portege A30-C“ ќе може да се нарача и со екран на допир. За чување на податоци има избор од 1TB HDD или 256GB SSD. „Toshiba“ тврди дека и трите лаптопи ќе издржат до 8 часа на батеријата во зависност од оптеретувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП