27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУкраина го казни Газпром со 3,4 млрд долари за злоупотреба на монополот

Украина го казни Газпром со 3,4 млрд долари за злоупотреба на монополот

gazprom 229

Газпром извести во петокот дека украинскиот Антимонополен совет (АМКУ) донел одлука парично да ја казни руската компанија поради злоупотреба на монополот во снабдувањето на Украина со природен гас.

АМКУ му изрече казна на Газпром од 3,4 милијарди долари, обвинувајќи го за злоупотреба на монополот на пазарот на транспорт на природен гас во Украина.

Обвинувањето е зачудувачко со оглед дека Газпром не врши претприемничка дејност во Украина туку гасот и го предава на украинската компанија Нафтогаз на западната граница со Русија, се вели во соопштението на руската компанија.

„Ваквото решение на АМКУ не може поинаку да се протолкува од обид за притисок на Газпром“, сметаат од руската компанија и најавуваа дека своите права и интереси ќе ги штитат со сите расположиви правни средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП