25 април, 2024
ПочетнаНЕ ПРОПУШТАЈТЕZynga пушта игри со вистински пари

Zynga пушта игри со вистински пари

Zynga-Focus-on-UK-Real-Money-Gambling

Компанијата за социјални игри „Zynga“ најави дека е подготвена со првите два наслови со кои ќе им овозможи на играчите да играат со вистински парични износи. Првично игрите ќе се достапни само за играчи од Велика Британија и нивното снабдување започнува уште од денес.

Игрите беа развиени заедно со „bwin.party“ кои ќе го обезбедуваат усвојувањето и управувањето на влоговите. Од компанијата истакнуваат дека ова е само почеток и дека во скоро време ќе ги реализираат следните чекори.

Главната цел на „Zynga“ е развојот на хазардските игри на глобално ниво и тие да ги нудат на сите регулирани пазари. Компанијата додава дека и за проширувањето ќе се потпира на партнерството со „bwin.party“.

Првата игра е „ZyngaPlusPoker“ која е фокусирана само на покер. Додека втората игра е „ZyngaPlusCasino“ која ќе нуди слотови, рулет и многу други популарни игри од казината.

Се разбира, играчите ќе треба да се над 18 години и да се регистрирани со службени сметки. „Zynga“ планира да лансира верзии на игрите како на „Facebook“, така и за паметните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП