21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВилата Kapanori – дијамант сокриен во срцето на Тоскана (фото)

Вилата Kapanori – дијамант сокриен во срцето на Тоскана (фото)

kapa1

Сместена во италијанското место Капанори, ова вила е една од најубавите во Тоскана…

Вилата Kapanori, која всушност го носи истото име на областа, е опкружена со четири хектари прекрасни градини и 50 хектари земја, вклучувајќи единаесет хектари маслинки, кои се користат за производство на масло. Може слободно да се каже дека оваа историска градба е сеуште фарма, но тоа воопшто не ја намалува нејзината убавина.

Со осумнаесет спални соби и деветнаесет бањи, на простор од околу 3.000 квадратни метри, оваа волшебна вила има уникатна архитектура, со феноменален ентериер и вински подрум, кој со своите ароми ќе го импресионира секој посетител.

Овој имот исто така има и одвоена градба во својот склоп, која е наречена La Fattoria Villa Guinigi, која содржи пет реновирани апартмани со приватни бањи. Дополнително „limonaia“ е уште една дополнителна градба, конструирана во седмиот век и има површина од околу 700 квадратни метри.

Во приземјето на вилата се наоѓаат две бањи, додека на првиот кат се наоѓаат пет апартмани со приватни бањи. Никако не смееме да заборавиме да го спомнеме базенот, кој е повеќе од совршен за уживање во топлите летни денови.

kapa3

kapa1

kapa4

kapa6

kapa7

kapa8

kapa9

kapa10

kapa11

kapa12

kapa13

kapa14

kapa15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП