15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank загуби 6,7 милијарди евра

Deutsche Bank загуби 6,7 милијарди евра

bank_money-main

„Deutsche Bank“ соопшти дека очекува годишна загуба во 2015 година од 6,7 милијарди евра, во споредба со нето профитот од 1,69 милијарди евра од претходната година.

Најголемата германска банка наведува дека ваквиот резултат е последица на судските трошоци кои биле поголеми од очекуваните.

Банката објави дека за четвртиот квартал очекува нето загуба од 2,1 милијарди евра, вклучувајќи 1,2 милијарди судски трошоци.

Во четвртиот квартал од 2014 година забележан е нето профит од 441 милиони евра, пренесува АП.

Вкупните судски трошоци во минатата година достигнаа околу 5,2 милијарди долари, а трошоците за реструктуирање околу милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП