9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од храната завршува во ѓубре

Половина од храната завршува во ѓубре

hrana1

Речиси една половина од храната во светот, или околу две милијарди тони, завршуваат во ѓубре, покажа новото истражување направено во Велика Британија.

Институтот за механичко инженерство објави дека причината за ова е слабото складирање на храната, строгата продажба според датумот на траење, слабата понуда и пребирливоста на потрошувачите.

Истражувањето покажало дека во Велика Британија 30 проценти од зеленчукот не се бере поради неговиот лош физички изглед.

Во истражувањето се вели дека меѓу 30 и 50 проценти од четири милијарди тони храна произведена во светот завршува во ѓубре. Тоа покажува дека една половина од храната во Европа и САД завршува во ѓубре.

Во истражувањето е утврдено дека се трошат 550 милијарди кубни метри вода за одгледување на насадите, кои од различни причини на крајот завршуваат во ѓубре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП