
Кавали креираше специјана луксузна серија на велигденски јајца од чоколада…


Кавали креираше специјана луксузна серија на велигденски јајца од чоколада…
Оваа креација направена од чоколадо, со потпис на светски познатиот креатор ќе ги предизвика богатите клиенти да ја купат и да си го дозволат ова задоволство.

Секое јајце е направено од висококвалитетни зрна од какао, чиста 60 % темна чоколада и деликатна бела чоколада. Направени се три видови, бела зебра, жирафа и темна зебра. Во секое јајце, во внатрешноста се наоѓа мало изненадување за љубителите на луксузот. Едно јајце тежи 140 грама, а неговата цена изнесува 49 евра за парче.

Кавали за неговата креација вели дека таа е совршен поклон за оние кои тоа можат да си го дозволат за велигденските празници. Оние кои го сакаат и ценат луксузот со задоволство ќе сакаат да поседуваат дел од оваа колекција.
