2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“

Започна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“

ke dojdat decata

Продуцентската куќа „Круг филм“, соопшти дека во тек е снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“, во режија на Ана Јакимска, а по сценарио на Бранко Костески.

Снимањето на филмот се одвива на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.

„Ќе дојдат децата” е краток игран филм со жанровска одредница-драма. Млада учителка пристигнува во едно планинско село за да ги учи децата, но единствениот човек што го среќава таму е старата служителка на училиштето. Додека учителката ги чека децата да дојдат во училиштето, таа открива поинакви животни тајни.

Актерската екипа ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков.

„Чевли” е во режија на Ана Јакимска, по сценарио на Бранко Костески, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Ѓулфери Качаревиќ, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, а се реализира во соработка со Факултетот за драмски уметности од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП