22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus и Uber планираат услуга со хеликоптерски превоз

Airbus и Uber планираат услуга со хеликоптерски превоз

airbus uber 353

Европската авиокомпанија Airbus планира да ги здружи силите со глобалните давател на услуги за превоз Uber за да ја тестира можноста за понуда на хеликоптерски услуги по барање.

Новиот иновативен центар на Airbus во Силиконска долина соработува со давателот на слуги на копнен превоз Uber на пилот проект за пружање на услуги по барање, извести Airbus.

Компанијата ќе понуди по барање превоз со хеликоптери Airbus H125 и H130, не наведувајќи ја можната цена на таквите услуги.

Целта е да се испроба нов деловен модел за хеликоптерски превозници за да им се овозможи пристап до пошироката база на податоци, се вели во соопштението.

Uber своите услуги ги прошири на стотина градови ширум светот во најмалку 68 држави, овозможувајќи им на луѓето со помош на паметни телефони да повикаат и да платат возење на возачи кои користат сопствени автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП