25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelefonica со интерес за стекнување на средства на AT & T

Telefonica со интерес за стекнување на средства на AT & T

telefonica att

Шпанската телекомуникациска компанија „Telefonica“ изрази интерес за купување на средства на платена телевизија на „AT & T“ во Латинска Америка, кои можат да бидат проценети на околу 10 милијарди долари, објави „Ројтерс“.

„AT & T“ ги купи средствата во Латинска Америка како дел од стекнувањето на „DirecTV“ во текот на минатата година. Бизнисот вклучува сателитски и кабелски телевизиски услуги во Бразил, Колумбија, Венецуела, Аргентина и неколку други земји.

Американската компанија за телекомуникации допрва треба да одлучи дали да се разгледа зделка со „Telefonica“ или друга компанија, велат запознаени извори.

И други компании се заинтересирани за средствата на „AT & T“ во одредени земји, а компанијата може да избере да направи неколку продажби, вели еден од изворите. Еден од потенцијалните купувачи можеби е „Liberty Global“, вели изворот.

Од „Telefonica“ и „AT & T“ засега одбиваат да дадат коментар.

„AT & T“ има околу 19 милиони платени телевизиски претплатници во Централна и Јужна Америка, што ја прави најголем играч во регионот. Профитот сепак е под притисок поради девалвацијата на валутите на Бразил и други земји од Латинска Америка.

Главниот извршен директор Рандал Стивенсон изјави на конференција во декември дека „AT & T“ ќе ја разгледа продажбата на латиноамериканската дејност, но додаде дека компанијата има трпение по ова прашање.

„Затоа ако некој е заинтересиран за разговори за стратешко комбинирање на овие средства со друг производ, ние ќе го разгледаме тоа. Дали би разгледале продажба? Да, но не брзаме“, рече Стивенсон.

„Telefonica“, која има долг од околу 50 милијарди евра, го диверзифицира своето портфолио во последниве месеци. Таа се согласи да го продаде својот британски бизнис „О2“ на „CK Hutchison Holdings Ltd“ за 10,3 милијарди фунти (15 милијарди долари). Компанијата планира и да го продаде или да ја оддели шпанската инфраструктурна поделба, вклучувајќи ги кулите за безжичен сигнал, подоцна во оваа година, објави претходно „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП