ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНешто навистина посебно - вилата Cerulean (фото)

Нешто навистина посебно – вилата Cerulean (фото)

Вилата Cerulean е веројатно една од најлуксузните и ексклузивни резиденции на крајбрежниот дел од Карибите…

Сместена на затскриена, приватна плажа, меѓу префинето уредени градини, оваа вила претставува идеално место за бегство од се што е негативно, барем на неколку дена.

Декорот на оваа вила е дело на реномираниот дизајнер за ентериер од Њујорк, Скот Салватор, па така таа ги крши сите  правила и ги поместува границите, импресионирајќи ги своите гости со безвременската елеганција и неверојатната атмосфера. Со визуелно пријатни и задоволувачки текстури и луксузни материјали.

Со два ката и девет спални соби, оваа вила има кинг кревети, бањи во секоја спална соба, hi-tech HD TV сетови, сефови, климатизација и неколку тераси на кои можете да уживате во прекрасните погледи кон околината. Исто така оваа вила има и Wi-Fi интернет, целосно опремена гурманска кујна, бар, медиа соба, музичка библиотека и игротека, ако случајно ви е досадно.

Спа центарот и целосно опремената теретана се пријатен бонус, идеални за активните луѓе. Уживајте во фотографиите…

цу2

цу3

цу4

цу5

цу6

цу7

цу8

цу9

цу10

цу11

цу12

цу13

цу14

цу15

цу16

цу17

цу18