20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на храната во светот паднаа за 7 проценти

Цените на храната во светот паднаа за 7 проценти

hranata

Цените на основните видови храна во светот минатата 2012 година се намалиле за 7 проценти, соопштува  во Рим Агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО.

Меѓународната координација и опаѓањето на потрошувачката во деќември, трет месец во континуитет, довеле до паѓање на цените на главните житарици, на маслата и на мастите за 1,1 проценти.

Во своето соопштение Агенцијата оценува дека резултатите во 2012 се пресврт во однос на јули кога  растечките цени предизвикале “стравување од нова криза во снабдувањето со храна “.

ФАО предходно предупреди дека лошото време, вклучувајќи ја и големата суша во Северна Америка, може да доведе до недостаток на храна, како во 2007-2008 кога беа предизвикани немири во некои делови во светот во развој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП