25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот извоз се зголеми за 14,1 проценти

Кинескиот извоз се зголеми за 14,1 проценти

china1

Кинескиот извоз во декември зајакна повеќе отколку што се очекуваше, покажаа најновите податоци на кинеската царинска управа.

На годишна основа кинескиот извоз кој е главен мотор на растот скокна на 14,1 проценти, што претставува најбрз раст во изминатите седум месеци. Увозот во Кина, исто така, е зголемен за 6 проценти, што укажува на силна домашна побарувачка.

Трговскиот суфицит во декември се зголеми на 31,6 милијарди долари, од 19,6 милијарди долари во претходниот месец. Во 2012 година, во споредба со претходната година е зголемен за 48,1 проценти, на 231,1 милијарди долари, што претставува највисоко ниво во изминатите четири години, објави кинеската царинска управа.

Зголемувањето на трговскиот суфицит во надворешно-трговската размена во најголем дел му се препишува на слабиот раст на увозот, кој во минатата година е зголемен за само 4,3 проценти во споредба со една година претходно, на 1.820 милијарди долари, додека извозот се зголемил за 7,9 проценти, на 2.050 милијарди долари.

Вкупната надворешно-трговска размена на Кина во 2012 година е зголемена за 6,2 проценти, што е значително помалку од предвидените 10 проценти на владата.

Зголемувањето на кинескиот увоз во декември ги изненади економистите кои предвидуваа неговото зајакнување да биде за четири до пет проценти.

Кинескиот економски раст во третиот квартал е намален на 7,4 проценти, односно ова е седмиот последователен квартал во кој активностите на втората по големина економија во светот стагнираат. Глобалната економија во 2012 година, исто така, се соочува со слабости.

Европската унија која е најголемиот трговски партнер на Кина и понатака е погодена од должничката криза во еврозоната, додека економското закрепнување во САД, кој е вториот најголем трговски партнер на Кина, застана во место.

Подобар увид за состојбата на кинеската економија ќе дадат податоците од БДП во четвртиот квартал, чие објавување се очекува за време на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП