25 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСамо кинеската Cosco се наддава за пристаништето во Пиреја

Само кинеската Cosco се наддава за пристаништето во Пиреја

Κοντεινερς της COSCO στο λιμάνι του Πειραιά , Παρασκευή 2 Οκτωβρίου 2009 .

Пристигната е една ценовна понуда за приватизација на 67% од капиталот на пристаништето во Пиреја, соопшти грчкиот приватизационен фонд (HRADF) на својата интернет страна. Таа е од компанијата регистрирана во Хонгконг, „Cosco Group“.

Интерес за приватизационата процедура покажаа уште две компании – данската „APM Terminals“, која оперира со пристаништето во Измир, како и филипинската „ICTS“. На крајот и двете компании не поднеле понуди.

Според условите на постапката, сега ќе се одржат преговори за зголемување на ценовната понуда. Кој е предлогот на кинеската компанија, сепак не е наведено.

Според информации на јавната телевизија „ERT“, од „Cosco“ понудиле 400 милиони евра за купување на мнозинскиот удел од пристаништето. Очекувањата на Владата, пак, беа за 1 милијарда евра.

Според поканата за прибирање на понуди, победничката понуда ќе го добие веднаш правото да управува со 51% од капиталот на клучното грчко пристаниште. Останатите 16% ќе му бидат отстапени, ако ја исполни заложбата да вложи 350 милиони евра во модернизација на опремата во наредните пет години.

Договорот за продажба на пристаништето треба да биде ратификуван и од грчкиот парламент.

Ако биде склучен, овој договор ќе биде втората голема зделка за грчката влада по давањето под концесија на 14 регионални аеродроми во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар