4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat ја продава Alfa Romeo на Аudi

Fiat ја продава Alfa Romeo на Аudi

Alfa-Romeo-Giulietta-Audi-logo-630x440

Извршниот директор на „Fiat“ Серџио Маркионе никако не сака да ја продаде „Alfa Romeo“ на „Audi“, но овие денови се појавија шпекулации дека преговорите за продажба се во напредна фаза.

„Audi“ е секако во сопственост на групацијата „Folksvagen“,а покрај самиот бренд „Alfa Romeo“ германците се заинтересирани и за фабриката на „Fiat“-  „Pomigliano“, но и компанијата за производство на авто делови „Magneti Mareli“.

Засега нема официјални потврди ниту од двете страни, па затоа подетални информации за оваа продажба се очекуваат во наредниот период, а како главна причина за овие гласини и натаму стои лошата финансиска криза во која се наоѓа „Fiat“.

Инаку за потсетување „Audi“ веќе поседува три италијански компании, „Lamborghini“, мото-компанијата „Ducati“ и дизајнерска фирма „Italdesign-Giugiaro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП