26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France загуби 70 милиони евра во декември

Air France загуби 70 милиони евра во декември

air-france- air-france---- ----

Француско-холандскиот авиопревозник „Air France – KLM“ соопшти денес дека во декември претрпел штета од околу 70 милиони евра поради терористичките напади во Париз на 13 ноември.

Компанијата објави дека ефектот на терористичките напади врз бројот на патници главно се загубил во последните две недели.

Компанијата во декември превезла 6,7 милиони патници, а пополнетоста на седиштата изнесувала 82,9 проценти, што е оценето како „стабилен“ резултат, пренесува АФП.

Прометот во ноември опадна за околу 50 милиони евра како резултат на нападите, објави претходно „Air France KLM“.

Овој авиопревозник соопшти претходно овој месец дека очекува повраток на профитот во 2015 година по неколку години загуба. Деловните резултати за минатата година ќе бидат комплетно објавени во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП