
Интел корпорацијата денес ја демонстрираше огромната моќ на технологијата за испорачување на нови и неверојатни искуства низ секојдневниот живот.


Интел корпорацијата денес ја демонстрираше огромната моќ на технологијата за испорачување на нови и неверојатни искуства низ секојдневниот живот.
Од дигитализацијата на спортот, напредокот кај здравјето и благосостојбата, поттикнување на човечката креативност преку музика, уметност, роботика и иновација, компанијата најави бројни соработки, производи и иновативни технологии кои го прават неверојатното возможно.
Трансформирање на начинот на кој луѓето тренираат, гледаат и се натпреваруваат во спортовите, извршниот директор на Интел Брајан Крзанич најави серија на возбудливи соработки со водечките брендови во индустријата, кои ќе ја користат технологијата и анализите за податоци за да има бенефит целокупното здравје, фитнес и атлетските перформанси на луѓето. Интел најави дека планира соработки со ESPN* и Red Bull Media House* за дизајнирање на решенија базирани на технологија на Интел кои ќе ги подобрат перформансите на спортистите и ќе донесат неверојатни искуства за гледање, како и заедничките соработки со New Balance* и Oakley* за персонализирање и унапредување на алатките кои ги користат луѓето за да бидат поактивни.
Како што технологијата на Интел продолжува да ги инспирира луѓето да создаваат и истражуваат, Крзанич објави повеќегодишно партнерство со The Recording Academy® како дел од својот официјален “Next Generation of GRAMMY® Moments” да се донесат технолошките иновации на програмата за луѓето да можат да ги видат, да бидат дел од нив и да се вчудоневидат од еволуцијата на технологијата во музиката. Првиот артист што ќе соработува со Интел за креирање на уникатно музичко искуство – ќе биде шесткратниот добитник на GRAMMY®- глобалната музичка икона Lady Gaga.
Овие соработки подвлекуваат три трендови за кои Крзанич рече дека ја обликуваат иднината: „смарт“ и поврзан свет, технологии што стекнуваат сетила слични на човечките, компјутерите стануваат ултра-персонални.
„Постои рапидно растечка улога за технологијата што е во еден момент трансформативна, нова и пристапна,“ рече Крзанич. Со луѓе кои избираат искуства над производи повеќе од било кога досега, технологијата на Интел е катализатор за правење на неверојатни нови искуства, и во крајна линија подобрување на светот во кој живееме.“
Тој исто така нагласи дека Интел останува фокусиран на решавање на големите општествени предизвици со кои се соочува индустријата на технологија и предвиде планови за смели, нови подвизи за анти-онлајн малтретирање со Vox Media*, Re/code* и Born This Way* фондацијата на Lady Gaga за промоција на разноликост и инклузија. Тој потврди дека Интел се движи подалеку од само микропроцесори за да ја постигне својата цел на поширока база на производи кои се “conflict-free” во 2016**.
„Кога Интел почна да работи за решавање на конфликтните минерали и празнини кај диверзитетот и инклузијата, ни беше кажано од страна на многу луѓе дека нашите цели беа нереални и невозможни за остварување,“ рече Крзанич. „Нашите заеднички напори покажаа дека можеме да влијаеме на сосема нови и различни начини на водење на бизнис, кој, исто така, го подобрува човечкото искуство.“
Подолу се дадени повеќе детали од најавите изнесени за време на воведниот дел на Интел на CES® 2016:
Дигитализирање на спортските искуства:
Менување на околината на здравјето и добросостојбата:
Поттикнување на креативноста:
MGM Television Group*, претседателот Марк Бурнет му се придружија на Крзанич на сцената да објават краток преглед на иновациите што ги претвораат нивните идеи во реалност – од подобрување на здрвајтето до комуницирање на нови начини кои ја тестираат нашата имагинација – нови серии, America’s Greatest Makers. Премиерно оваа пролет на TBS*, America’s Greatest Makers е дел од голема иницијатива која вклучува објави на CNN.com*, Bleacher Report* и други Turner* дигитални брендови. Tие исто така го лансираат Digital Hub на www.americasgreatestmakers.com, со акцент на пронаоѓачи, нови иновации и туторијали од областа на технологијата, како и уникатен, неделен програм.
Подобрување на човечкото искуство:
За Интел
Intel (NASDAQ: INTC) ги прави најневеројатните искуства од иднината возможни. Иновациите на Интел ги прошируваат опсегот и моќта на компјутингот на персонални уреди и компаниски сервери, клаудот, го прават Интернетот на Нештата „смарт“ и поврзан, како и ја подобруваат безбедноста на нашите дигитални животи. Работата на компанијата со повеќе од 100,000 вработени ги трансформира бизнисите, овозможува нови откритија и ги подобрува човечките искуства. Повеќе информации на newsroom.intel.com or intel.com.