3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРасте продажбата на компјутерски игри

Расте продажбата на компјутерски игри

WallPCGames

Како што се приближува крајот на животниот век на моменталните генерации на конзоли, така расте продажбата на компјутерските игри.

Не само што игрите кои играчите ги бараат и играат моментално се подобри во изгледот и перформансите на компјутерските платформи, веќе податоците покажуваат дека и самиот пазар расте. Со пораст во продажбата од 8 проценти во текот на 2012-та година PC игрите забележаа заработувачка од 20 милијарди долари на глобално ниво.

Се поставува прашањето што ќе се случи со компјутерските игри откако ќе се појават конзолите  „PS4“ и „Xbox 720“. Кина е пазарот кој најбргу расте со 6.8 милијарди долари заработувачка од PC игрите. По нив следуваат САД, Велика Британија, Јапонија и Кореа кои заедно остварија заработувачка од 8.4 милијарди долари, додека преостанатиот дел го делат Европа и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП