16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД покренаа граѓанска тужба против Volkswagen за кршење на еколошките закони

САД покренаа граѓанска тужба против Volkswagen за кршење на еколошките закони

us folks

Американското министерство за правосудство подигнa во понеделникот граѓанска тужба против германскиот произведувач на автомобили „Volkswagen“ поради кршење на законот за заштита на природната околина со вградувањето на илегален уред за да се ослаби системот за контрола на емисијата на штетните гасови во 600.000 возила.

Доколку обвиненијата бидат докажани во парницата, тоа овој автомобилски гигант би можело да го чини милијарди американски долари, изјави висок функционер на американското министерство за правосудство.

„САД ќе ги искористат сите правни средства против Volkswagen за да се исправи кршењето на нашите национални закони за чист воздух“, изјави помошникот главен обвинител Џон Круден, челник на министерството за околина и природни ресурси.

Тужбата ќе биде поднесена во источниот округ на Мичиген и пренесена во Северна Калифорнија, каде се подготвуваат групни тужби против Volkswagen. Тоа не го спречува министерството за правосудство да подигне кривична тужба против Volkswagen, тврдат во министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП