6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе претстави 18-инчен дисплеј кој може да се навитка како весник

LG ќе претстави 18-инчен дисплеј кој може да се навитка како весник

vesnik lg 33

Во следните неколку дена ќе стартува првиот саем во оваа година за потрошувачка електроника во Лас Вегас – „Consumer Electronics Show“.

На саемот јужнокорејскиот производител на електроника, „LG“, се очекува да претстави прототип на 18-инчен дисплеј кој може да се навитка како лист хартија. Екранот ги претставува идните „OLED“-дисплеи, развиени од компанијата, кои се склопуваат и се очекува уште поактивно да почнат да влегуваат во нашиот секојдневен живот.

Од „LG“ ќе презентираат докази за постоењето на таква технологија во изминатата година, но далеку од погледите на пошироката заедница.

Овој концепт на дисплеи беше приоритет и на други компании како „Sony“, „Samsung“, „Sharp“ и други.

Јужнокорејскиот производител планира да покаже уште нов 55-инчен телевизор со „дебелина на хартија“, како и 25-инчен заоблен дисплеј, инсталиран во возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП